Top Sport

Халилхоџиќ на клупата на Нант

Босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ е новиот тренер на Нант по успешните преговори со претседателот на францускиот клуб, Валдемар Кеита, враќајќи се во клубот каде што стана легенда како фудбалер.

Мигуел Кардозо доби отказ по слабиот старт на сезоната со Нант, а на Халилхоџиќ ќе му остане задачата да го крена клубот на повисоко ниво.

Последната работа на 66-годишниот Халилхоџиќ беше селекторското место на Јапонија, но тие го избркаа пред Светското првенство во Русија и тој ги тужеше за 1 евро за „стрес“. Халихоџиќ се враќа во Франција по 13 години, откако беше тренер и на Лил, Рен, Пари Сен-Жермен, Трабзонспор, Јапонија, Алжир и Брегот на Слоновата Коска.

Scroll to Top