Top Sport

Леванте ја прекина лошата серија (видео)

Леванте ја прекина низата од шест меча без победа, откако со 2:1 го совлада Алавес, иако прими гол уште во петтата минута.

Собрино во 5. минута скокна највисоко и го совлада домашниот голман, поставувајќи притисок на клубот од Валенсија. Меѓутоа, Леванте врати бргу, и веќе во 19. минута Рочина израмни на 1:1, а трите поени ги обезбеди Тонино во 36. минута со прекрасен удар од десетина метри.

Ова е само втора победа за тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој не беше во составот. Алавес пак, пропушти шанса со евентуална победа да се израмни со Барселона и Реал Мадрид на врвот на табелата со 14 поени.

Во другите денешни мечеви, Вилјареал загуби дома со 0:1 од тимот на Валјадолид, додека Хуеска и Џирона одиграа нерешено (1:1).

Scroll to Top