Селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ е најплатениот селектор на африканскиот континент. Порталот Ганаспорт, ги објави месечните плати на селекторите, на сите африкански репрезентации.
Легендата на Вележ, мсечно од Фудбалскиот сојуз на Мароко, добива 89.000 долари, односно нешто повеќе од 1.000.000 долари годишно. Втор на оваа листа е познатиот Португалец, Карлос Кеирош, тој има месечна плата од 85.000 долари.
Овие двајца се далеку пред останатите. Џамел Белмади од Алжир добива 65.000 долари месечно, Португалецот Антонио Консеисао кој го предводи Камерун, има месечна плата од 59.000 долари, колку што Либија го плаќа Шпанецот, Хавиер Клементе.
SALARIES of African NT coaches (TOP earners)
?? Vahid Halilhodzic – $89K
?? Carlos Queiroz – $85K
?? Djamel Belmadi – $65K
?? Antonio Conceiçao – $59K
?? Javier Clemente – $59K
?? Hector Cuper – $55K
?? Gernot Rohr – $55K
?? Hugo Broos – $50K
?? Patrice Beaumelle – $35K— NUHU ®️ (@NuhuAdams_) September 25, 2021