Претпоследниот Лас Палмас успеа да се одвои од последната Малага во шпанската Ла лига, откако Ален Халиловиќ постигна гол за тимот од Канарските Острови во 90-тата минута од мечот.
Хрватскиот напаѓач доби шанса да влезе во игра во 62. минута, а беше најснаодлив во последните минути од мечот за голема победа за „канаринците“. Ова е прв гол оваа сезона за Халиловиќ.
Лас Палмас останува на претпоследното место во Ла лига со 17 поени со двете победи во последните три меча, додека Малага се последни со 13 поени откако дури шест меча не знаат за победа.