Top Sport

Верувал во Иглс, заработил 5,4 милиони долари

Филаделфија Иглс приредија озненадување во 52. Супербоул со победата над Њу Ингланд Петриотс. Иако пред дуелот беа аутсајдери имаше многумина кои цврсто веруваа дека Иглс ќе ја освојата титулата.

Еден нанвивач на Филаделфија бил толку уверен дека тимот ќе го освои Супербоул па во Лас Вегас уплатил три милиони долари на победата на Иглс.

Победата на Филалделфија Иглс во Минеаполис на овој неименуван навивач му донела најмалку 5,4 милиони долари.

Иглс славеа над Петриот 41:33 во еден од најдраматичните Супебоул натпревари во последните неколку сезони.

Scroll to Top