Top Sport

Хаман: Баерн во Кутињо добија „пола фудбалер“

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Дитмар Хаман, ги критикувал клупските челници поради ангажманот на Фелипе Кутињо.

Хаман смета дека Бразилецот е „пола фудбалер“ и дека не е човек што може да направи разлика во нападот и дека нема никакво влијание во одбраната.

„Ми делува како да изгубен в овој тим. Не се сеќавам на ниту една негова добра акција во нападот“, изјавил Хаман за „Билд“ и продолжил.

„Кога имате таков играч во тимот, кој не покажува ништо спектакуларно, тогаш имате проблем, бидејќи во одбраната тој е „пола играч“. Има уште 30 или 35 натпревари до крајот на сезоната треба конечно да направи нешто“.

Хаман е познат по своите критики кон познати фаци од светскиот фудбал. Во кариерата

Во кариерата покрај во Баерн играл и за Њукасл, Ливерпул и Манчестер сити, а се пензионирал во 2011 година како фудбалер на МК Донс. Дресот на Германија го носел на 59 натпревари.

Scroll to Top