Top Sport

Се исплашиле од Реал, Сити на Стерлинг му нудат 450.000 евра неделно

Рахим Стерлинг од минатата сезона игра во неверојатна форма за Манчестер сити. Има постигнато шест гола на осум одиграни натпревари во Премиер лигата, а во вторникот против Аталанта постигна хет-трик.

Фокусот на неколку врвни европски клубови е насочен кон 24 фудбалер, а според шпекулациите Реал Мадрид биле подготвени да го „одврзат кесето“.

Во Сити се свесни дека постои интерес за нивниот фудбалер, поради што биле подготвени да реагираат со нов договор. Британските медиуми пишуваат дека челниците на „граѓаните“ ќе му понудат неделна плата од 450.000 евра.

Доколку се согласи да потпише нов договор Стерлинг ќе заработува најмногу од сите играчи на Сити, односно неговата плата ќе биде поголема за 100.000 евра од онаа што неделно ја заработува Кевин Де Брујне.

Scroll to Top