Дитмар Хаман смета дека Борусија Дортмунд прават огромна грешка со одлуката да го заддржат Марко Ројс како капитен оваа сезона иако тој веќе не е стандарден првотимец под Лусиен Фавр.
Дортмунд платија 17 милиони евра да го донесат Ројс во 2012 година и оттогаш тој освои четири трофеи со клубот, и постигна 131 голови во 274 настапи. Меѓутоа, низата на повреди го спречија да го исполни потенцијалот и веќе не е стандарден првотимец, иако во 2018 година стана капитен на тимот.
Хаман вели дека БВБ згрешиле со самата одлука да го направат капитен и дека е време да се тргне понатаму.
„За да се оди напред потребен е менталитет и лидерство. Не можете да имате капитен кој игра само во половина од мечевите. Не сфаќам зошто ова лето не му ја земаа капитенската лента, ниту зошто му ја дадоа пред две години. Капитен треба да е некој што го турка напред, а Дортмунд е подобар без Ројс. Тука е Матс Хумелс, брилијатен лидер кој знае што прави на теренот“, вели Хаман.