Top Sport

Хаман: Мане е „изолиран“ во Баерн и незадоволен од тактиката на Нагелсман

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дитмар Хаман вели дека Садио Мане не е задоволен во Баерн Минхен, исфрустриран од тактиката на тренерот Јулијан Нагелсман и „изолиран“ во соблекувалната.

Мане се реши за трансфер во Германија ова лето, откако со Ливерпул ги освои Лигата на шампионите, Премиерлигата и ФА купот во шесте години на „Енфилд“. Тој самиот „туркаше“ за трансферот од 38 милиони фунти, но по фантастичниот старт во кој постигна три гола во првите три меча, тој има низа од пет меча без гол и Хаман смета дека 30-годишниот Сенегалец е незадоволен.

„Тој не се интегрираше во тимот. Го гледав во Ливерпул, каде што играшае во средината, што не е негова позиција и сега повторно е на исто место. Тој е најдобара кога влегува од страна, и во моментов не ми изгледа среен. Другите фудбалери како Лирој Сане и Џамал Мусијала се во фантастична форма и нико не зборува за Мане во моментов. Изгледа изолиран на теренот со малку улога во играта и не му се допаѓа тактиката. Баерн би требало да поработат на тоа пред да стане проблем“, вели Хаман.

Scroll to Top