Top Sport

Дест не сака назад во Барса: Ќе дадам 100% за да останам во Милан

Сержињо Дест вели дека би сакал да остане во Милан, каде што добива далеку повеќе шанси под Стефано Пиоли, отколку да се врати во Барселона, каде што ќе се бори за минимална минутажа. На првата прес-конференција како фудбалер на „росонерите“ тој беше запрашан зошто клубот да плати 20 милиони евра за да го купи на крајот на сезоната.

„Ќе дадам 100%, ќе го дадам моот максимум и на крајот на сезоната, секако, тука сум на позајмица, ќе видиме дали клубот ќе ме сака или не. Единствено што можам да го направм е да го дадам максимумот, да покажам што носам во тимот. Среќен сум што сум тука, играта на тренерот Пиои е многу добра и тоа ќе ми даде совршена шанса да ја подобрам мојата игра“, вели американскиот дефанзивец.

Тој исто така веднаш ја забележа разликата во играта на Ајакс и Барселона и на таа во Италија.

„Ајакс и Барса имаат сличен стил, основан на посед на топката. Во Милан имаме побрза игра, со цел да се стигне до голот што е можно побргу. Споредбата ќе почека до крајот на сезоната“, вели Дест.

Scroll to Top