Германија, синоќа во Севилја, го доживеа најтешкиот пораз во последните 90 години. Статистичарите излегоа со податокот дека во 1931 година Австрија ја победила Германија со 6:0, додека најтешкиот пораз во исторјата Германците го доживеале од Англија во 1909 година (9:0).
Германците знаеле да изгубат и со 8:3, на СП во Швајцарија од селекцијата на Унгарија, но потоа успеале да слават над истиот противник во финалето (3:2). Последен пат шест гола Германците примиле во 1958, на СП во Шведска (6:3).
Во блиското минато, Германија има пораз од Англија (5:1), кога хет-трик постигна Мајкл Овен. Две децении подоцна хет-трик против Германија забележа Феран Торес.
Во еден ваков тежок момент за Германија, поранешниот репрезентативец Дитмар Хаман, реши да се пошегува:
„Ние ќе го добиевме вториот сет“, напишал тој на Твитер.