Поранешниот германски репрезентативец и легенда на Ливерпул, Дитмар Хаман вели дека неверојатниот потег на Кристијано Роналдо против Германија, кога го „понижи“ Антонио Ридигер со фантастична контрола на топката, на крајот го направила да изгледа како „будала“
Роналдо прво го постигна фантастичниот гол, а потоа го „збудале“ Ридигер со обид со петица, но Хаман вели дека тоа ја инспирирало Германија да стигне до фасцинантна 4:2 победа.
„Мислам дека тоа е глупост. Ја превртува топката, се преправа дека ќе ја фати и без поглед удира со петица. Секако е неверојатно за гледање и знаеме дека може да го прави тоа. Но, на некој начин сака да го понижи противникот. Тоа беше на 1:0 и сите се восхитуваат. Да, тој е најдобар со Меси. Но, на крајот испадна будала. Прашајте ги германските фудбалери што мислат за тоа. Мислам дека тие забележија и добија дополнителна мотивација да направат пресврт“, вели Хаман.
Rudiger getting the Ronaldo treatment pic.twitter.com/MdVAe8XbCZ
— TalkAtiv General (@TalkativG) June 19, 2021