Top Sport

Хаман: Вернер треба да го одбие Ливерпул, нека оди во Јунајтед

Иако е поранешен фудбалер на Ливерпул, Дитмар Хаман смета дека неговиот германски сонародник Тимо Вернер ќе згреши ако отиде на „Енфилд“ и смета дека повеќе би уживал во играта во Манчестер јунајтед.

Напаѓачот на РБ Лајпциг подолго време е мета на клубовите од Премиер лигата, но 23-годишниот Германец сега првпат проговори јавно, велејќи дека е „горд“ што го поврзуваат со шампионите од Лигата на шампионите. Хаман не е сигурен дека „Енфилд“ е вистинската дестинација.

„Тимо Вернер постојано се подобрува, повторно беше стрелец во ЛШ и веќе има над 20 гола во Бундеслигата, така што е сосема подготвен да оди во голем клуб. Секако, чест му е што е поврзуван со Ливерпул, но дали е тоа добар избор? За мене тој е најсилен кога е во средината и кога ја користи брзината. Со Фирмино, Ливерпул го имаат тоа, а тука се и Мане и Салах. Ако никој од нив не си замине, тој нема да игра за Ливерпул. Повеќе би му одговарале клубови како Манчестер јунајтед или Челси“, вели Хаман.

Scroll to Top