Top Sport

Ливерпул три недели без Хендерсон

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон поради повреда нема да му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп во наредните три недели.

Хендерсон се повредил во вторникот на натпреварот со Атлетико во Мадрид, во Лигата на шампионите. Капитенот на „црвените“ во 80 минута побара да биде заменет.

„Можеше да биде и полошо. Ја повреди тетивата во коленото“, рекол Клоп и дополнил.

„Не толку лошо каков што е случајот со Хари Кејн. Но ќе отсуствува три недели, што и не е кул. Сепак можам да кажам дека имавме среќа“.

Ливерпул в понеделник ќе игра против Вест Хем во 27 коло во премиер лигата.

Scroll to Top