Top Sport

Хамес бара „спас“ од Евертон и англискиот фудбал во Катар

Колумбиската фудбалска ѕвезда Хамес Родригез преговара за трансфер во катарскиот Ал-Рајан, откако Евертон му дадоа дозвола да си замине од Премиерлигата, објавува „ЕСПН“.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Баерн Минхен, нема настап за Евертон оваа сезона откако новиот менаџер Рафаел Бенитез му порача дека за него нема место, а и така 30-годишниот Колумбиец дојде на „Гудисон Парк“ по наговарање на поранешниот тренер Карло Анчелоти, кои замина во Реал Мадрид.

Евертон би сакале трансферот да се оствари поради платата од 10 милиони фунти годишно, иако најверојатно ќе се случи позајмица со опција за постојан трансфер. Родригез последен пат играше за Евертон во мај, и иако имаше импресивен старт со три гола во првите пет меча по пристигнувањето од Реал Мадрид, повредите и слабата форма не му дадоа многу минути.

Scroll to Top