Top Sport

Хулк по четврти пат ќе стане татко, овојпат со внуката на поранешната жена

Бразилскиот напаѓач на Атлетико Минеиро, Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, по четврти пат ќе стане татко, овојпат со Камила Анжело, новата сопруга, која бизарно е внука на неговата поранешна сопруга.

Камила е внука на поранешната сопруга на Хулк, Ира Анжело де Соуза, со која поранешниот фудбалер на Порто беше оженет од 2007 до 2019 година и со која има три деца, пред Хулк да почне врска со внуката неколку месеци по нивната разделба.

35-годишниот Хулк блескаше во Европа со Порто и Зенит Санкт Петерсбург, пред да замине во Кина, каде што играше за Шангај СИПГ, за неодамна да се врати во татковината.

Хулк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга!

Екссопругата на Хулк удри по внуката која се омажи за фудбалерот

Scroll to Top