Top Sport

Хамес: Евертон се многу сериозен тим

Хамес Родригез вели дека бил привлечен да потпише договор со Евертон поради амбицијата на англискиот клуб да се врати на славните патеки.

29-годишниот Колумбиец пристигна на „Гудисон парк“ од Реал Мадрид за 20 милиони фунти, откако со „кралевите“ освои две титули од Лигата на шампионите, но две сезони помина како позајмен фудбалер во Баерн Минхен.

Евертон нема освоено титула веќе 25 години, откако ги победија Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот. Родригез е третото засилување за клубот од Ливерпул, по Алан и Абдулаје Дукуре и Колумбиецот верува дека под водство на Карло Анчелоти тимот може да цели на големи успеси.

„Дојдов во овој клуб за да остварам големи работи. Мислам дека клубот е навистина сериозен. Има голема историја и големо име и тука сум да помогнам. Во сите делови на тимот работат сериозни луѓе кои бараат успех, а тоа значи освојување трофеи. Тоа нема да се случи преку ноќ, се работи за долгорочен проект, но верувам во него“, вели Родригез.

Тој признава дека Анчелоти бил главен фактор.

„Анчелоти има огромно влијание на мојата кариера. Одлично е да се има шанса да се работи под него повторно“, додава Родригез.

Scroll to Top