Top Sport

ММА: Усман Нурмагомедов со „најважната победа“ во кариерата

Усман Нурмагомедов вели дека неговата победа на меморијалниот турнир во чест на Абдулманап Нурмагомедов е најважната победа во неговата кариера, откако во втората рунда го нокаутираше Свјатослав Шабанов.

Усман, братучед на УФЦ шампионот Хабиб, сега има 11 ММА победи во 11 меча и вели дека емоциите го направиле своето во борбата во чест на неговиот чичко Абдулманап, кој му беше тренер и нему и на Хабиб.

„Какви емоции можете да имате кога ќе победите на најважниот меч во вашиот живот? Сега сум еуфоричен. Има толку камери што ми наликуваат на калашникови“, вели 23-годишниот Усман со прекар „Убиец“.

Усман Нурмагомедов ќе биде дел од тимот на Хабиб на 24 октомври, кога тој ќе ја брани титулата против Џастин Гетџи на „Островот на борбите“ во Абу Даби.

Scroll to Top