Хамес Родригез во преодниот рок ќе го напушти Реал Мадрид. Колумбиецот, како стојат работите, од наредната сезона ќе игра во Премиер лигата. Евертон ги започнале преговорите со Реал, а на Родригез му понудиле три годишен договор.
Тренерот на Евертон Карло Анчелоти инсистирал на овој трансфер. Медиумите пишуваат дека овој трансфер наскоро би требало да биде реализиран. Реал очекува да заработи помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Хамес Родригез, како најдобар стрелец на СП во 2014 година, пристигна во Реал од Монако за 75 милиони евра. За Реал одиграл 125 натпревари, постигнал 37 голови, две сезони играше како позајмен играч во Баерн Минхен.