Top Sport

Хамес Родригез сака да се врати во Реал

Најдобриот колумбиски фудбалер, Хамес Родригез, по враќањето од Русија, каде настапувашре на светското првенство, непријатно ги изненадил челниците на Баерн Минхен. Хамес побарал од клубот да му дозволи да се врати во Реал.

„Марка“, објави дека Колумбиецот, по заминувањето на Зинедин Зидан од тренерската позиција, сакал повторно да го облече дресот на Реал, иако минатото лето двата Баерн од Реал го позајми Хамес на две години.

Истито извор пренесува дека и претседателот на Реал, Флорентино Перез, немал ништо против фудбалерот да се врати во Мадрид.

За потсетување, кога Реал и Баерн договорија Хамес Родригез две сезони да биде позајмен во Минхен, во договорот ставија клаузула според која Баварците потоа ќе можат да го откупат неговиот договор за 50 милиони евра.

Токму парите сега биле проблем за враќањето на Колумбиецот во Мадрид, односно клубовите ќе треба да најдат финансиско решение прифатливо за двата клуба.

Колумбиецот го сменил мислењето откако за нов тренер е именуван Хулен Лопетеги. Тој смета дека кај новиот тренер ќе може да се избори за место во стартната постава.

Scroll to Top