Top Sport

Ајзеа Томас во Денвер Нагетс

Денвер Нагетс, во текот на изминатата ноќ, успеа да заврши неколку многу важни трансфери што можат да имаат големо влијание на иднината на франшизата.

Денвер успе да се ослободи од големите договори што фи имаа Кенет Фарид и Дарел Артур и во исто време успеа да го договори некогашниот кандидат за МВП, Ајзеа Томас. Бруклин од Денвер како дел од размената го доби и правото на заштитениот пик на Нагетс, во првата рунда на драфтот во 2019 година.

Фарид и Артур завршија во Бруклин Нетс, а Денвер од овој тим го доби Ајзеа Вајтхед кој ќе биде отпуштен. На овој начин Денвер ослободи дури 21 милиони долари во „селери-капот“.

Од друга страна Аjзеа Томас, по неуспешната сезона во Кливленд и ЛА Лејкерс, решил да потпише едно годишен договор за ветерански минимум и се согласил да биде резервен плејмејкер.

Денвер претходно потпиша нови договори со двајца значајни играчи, Никола Јокиќ (пет сезони 148 милиони долари) и Вил Бартон (четири сезони 54 милиони долари).

Scroll to Top