Top Sport

Хамес Родригез се сели во Галатасарај?

По Мауро Икарди, Галататсарај е на чекор да потпише договор со уште една голема ѕвезда. Турските медиуми тврдат дека Галатасарај работи на трансферот на Хамес Родригез. Колумбиецот игра во Ал Рајан, во Катар, а во Турција би се преселил на позајмица.

Најдобриот стрелец на Мундијалот во 2014 година, поранешниот играч на Порто, Монако, Реал, Баерн и Евертон, една година е играч на Ал Рајан. Таму игра за плата од 6.000.000 евра.

Наводно Галатасарај и Ал Рајан се уште не можат да се договорат околу исплатата. Турците биле подготвени да преземат една третина од неговата плата, додека од Ал Рајан се обидуваат трошоците да ги подалат на пола.

Преодниот рок во Турција трае до 8.септември.

Scroll to Top