Хамес Родригез до крајот на преодниот рок ќе се пресели во Милан, тврди ЕСПН. Колумбиецот е играч на Евертон, но тој не е во плановите на новиот тренер Рафа Бенитез.
Доколку тврдењата на ЕСПН се точни, тогаш Родригез како слободен играч ќе пристигне на „Сан Сиро“.
Колумбиецот, кој беше најдобар стрелец на Светското првенство во Бразил во 2014 година, во Европа играл за Порто, Монако, Реал и Баерн Минхен.