Top Sport

Хамес: Со Анчелоти сме како татко и син!

Хамес Родригез верува дека е подготвен за камбек на фудбалските терени и е подготвен да даде „уште многу“ на Евертон по импресивниот старт на „Гудисон парк“.

29-годишниот Родригез постигна пет гола и имаше четири асистенции во 18 меча во Премиер лигата, но последен меч му беше 2:0 победата над Ливерпул на 20 февруари по низа повреди, а Евертон ги загубија последните три меча во сите натпреварувања и се на осмото место на табелата.

„Доволно сум задоволен од мојата игра, но мислам дека има многу повеќе за давање и дека можам да бидам во подобра форма. Кога играв добро имав влијание во тимот и тоа беше најважно, да играме со највисок квалитет кој можеме. Не е вистина дека беше тешко да се прилагодам, бидејќи дојдов во добар клуб, клуб со големи амбиции“, вели Родригез.

Карло Анчелоти го донесе Родригез во Премиер лигата, откако претходно работеше со него во Реал Мадрид и во Баерн Минхен.

„Работам со менаџер кој добро ме познава и кој знае како да рабои со фудбалерите и со тимот околу него. Со него се согласувам фантастично, како татко и син. Беше многу лесно. Фудбалот е пофизички од другите европски лиги, но тоа е ново искуство за мене“, додава Родригез.

Scroll to Top