Top Sport

Хамес во преговори со Ал Рајан

Хамес Родригез се подготвува да ја напушти Европа и да ја продолжи кариерата во Катар. Колумбиецот, за кого нема место кај Рафа Бенитез во Евертон, преговарал со Ал Рајан. овој клуб од клупата го предводи Лоран Блан.

Родригез, поранешен играч на Монако, Реал и Баерн, од почетокот на сезоната нема одиграно натпревар за Евертон. На Гудисон парк, пристигна минатата сезона, на неговиот трансфер инсистираше Карло Анчелоти.

Сезоната во Премиер лигата ја заврши со шест голови и девет асистенции.

Проблемите за него започнаа кога Анчелоти реши да ја прифати понудата од Реал Мадрид. Новиот тренер, Рафа Бенитес, веднаш му порача да си бара нов клуб.

30-годишниот фудбалер преговараше со Милан и Башакшехир, меѓутоа преговорите му пропаднаа поради неговата плата од девет милиони евра.

Scroll to Top