Top Sport

Хамшик доби подарок од Марадона кога го сруши неговиот рекорд

Марек Хамшик открива дека Диего Марадона му дал подарок за рушењето на неговиот рекорд во тимот на Наполи.

На денешниот меч, фудбалерите на Наполи носеа посебни „лепенки“ на ракавите на нивните дресови за да се одбележи статусот на Словакот како најдобар стрелец на Наполи со 116 гола во споредба со 115-те на Марадона.

„Поминувањето на рекордот на Марадона беше вистинско остварување, но сега поважни се натпреварите и победите за тимот. Да, Диего ми даде подарок, но не можам да ви кажам што беше тоа“, вели Хамшик.

Со победа над Кротоне, Наполи ќе осигура дека ќе биде на првото место по половина сезона, со што ќе ја добијат неофицијалната титула „Кампиони д’инверно“ – зимски шампиони.

Хамшик како Марадона, 115 гола за Наполи (Видео)

Scroll to Top