Top Sport

Хамшик како Марадона, 115 гола за Наполи (Видео)

Словакот Марек Хамшик го израмни рекордот на Диего Армандо Марадона според бројот на постигнати голови за Наполи.

Наполи, во саботата, го победи Торино со 3:1, Хамшик го постигна третиот гол со што на вечната листа се израмни со легендарниот Аргентинец. Двајца имаат постигнато по 115 гола.

Словакот ја игра својата 11.сезона во Наполи, додека Марадона до 115 гола стигна за седум сезони.

Марадона со Наполи ја освои Серија А во 1987 и 1990 година.

Наполи со победата во Торино се врати на челната позиција во Серија А.

Сите 115 гола на Хамшик може да ги погледнете “>тука.

Scroll to Top