Top Sport

Алексис Санчез се подготвува да замине од Арсенал

Алексис Санчез се подогтвува да го напушти Арсенал, прашање е само дали клубот ќе го продаде во јануарскиот преоден рок или ќе замине во јуни без обесштетување.

Според шпекулациите Чилеанецот ќе заврши во Манчестер Сити, чии менаџер Пеп Гвардиола ќе се обиде да го донесе во преодниот рок кој ќе започне за две недели.

Во меѓувреме, Санчез одбил богата понуда од неименуван кинески клуб, кој е подготвен да му плаќа 21 милион фунти, со што би станал еден од најплатените играчи во светот.

Санчез сака кариерата да ја продолжи во клуб каде ќе има можност да освојува трофеи, а во моментов Сити е тимот кој може да ги задоволи неговите амбиции. „Граѓаните“ маршираат кон титулата во Премиер лигата, а изборија и пласман во осмина-финалето во Лигата нашампионите.

Scroll to Top