Top Sport

Хамшик се кае што отиде во Кина: Не разбирам ништо, само мрдам со раце!

Фудбалерот кој стана легенда на тимот на Наполи, Словакот Марек Хамшик зимоска го засили кинескиот тим Далиaн Јифанг, но на 6 натпревари не успеа да забележи ниту погодок, ниту асистенција. Тој не е задоволен од неговата игра.

„Не сум задоволен од мојата игра, а секогаш се трудам максимално да и помогнам на екипата. Огромна е разликата од европскиот и овдешниот фудбал, но ќе се обидам да се навикнам и да ги надминам потешкотиите“ – вели Хамшик.

Најголем проблем е што не може да се разбере со соиграчите.

„Многупати кога сакам да им кажам нешто на соиграчите на терен, не можам, затоа што не го разбирам јазикот и само мрдам со рацете. Лојалноста е битна па ќе се трудам да ја испочитувам максимално“ – вели словачкиот фудбалер.

Тој од Наполи во кинески Далиaн отиде за 20 милиони евра.

Scroll to Top