Самир Хандановиќ, долгогодишниот капитен на Интер, наскоро ќе го напушти клубот. Камерунецот, Андре Онана, од наредната сезона ќе го брани голот на Интер.
Поранешниот репрезентативец на Словенија, Хандановиќ, цела деценија е во Интер. Во 2021 година, клубот за неговиот трансфер од Удинезе издвои 15.000.000 евра.
„Калчомеркато“, тврди дека Хандановиќ ќе го напушти Интер, но ќе остане во Серија. Интерес за 37-годишниот голман покажале од Лацио. Според овој извор двете страни наскоро ќе постигнат договор.