Top Sport

Ханси Флик ставил осуммина на трансфер листата

Во финишот на успешната сезона, фудбалскиот клуб Барселона ги крои плановите за летниот преоден рок.

Како што објави „Диарио Спорт“, осум фудбалери ќе бдат ставени на трансфер листата. Според овој извор, тренерот Ханси Флик дал зелено светло играчите да бидат продадени доколку клубот добие задоволителни понуди.

„Диарио Спорт“. тврди дека Инака Пења, Роналд Араухо, Хектор Форт, Френки де Јонг, Гави, Пабло Торе, Пау Виктор и Ансу Фати кои ќе бидат продадени ова лето.

Претходно, Гави се сметаше за недопирлив, но по повредата која го оддалечи од терените речиси една година и доаѓањето на Флик, тој го загуби местото во стартниот состав.

Кога е во прашање Фати, од него се очекуваше многу, но во последните месеци тој не беше на ниво и Флик сака да му го види грбот.

Наводно, во Барселона се подготвени да слушнат секоја понуда што ќе им стигне, освен за Ламин Јамал, кој не е на продажба.

Јамал има само 17 години и е еден од најдобрите играчи во светот оваа сезона. Тој постигна 16 гола и имаше 24 асистенции.

Кога станува збор за засилувања, Барселона бара нов лев бек, напаѓач, офанзивен играч од средниот ред и голман доколку Шчесни одлучи да се врати во пензија.

Сè уште нема конкретни информации во врска со играчите кои треба да дојдат во Барселона.

Scroll to Top