Top Sport

Ханси Флик ветува: Имам план како пак да ја кренам Германија

Германскиот селектор Ханси Флик е сигурен дека неговата репрезентација ќе стави крај на лошата серија на резултати пред пријателските мечеви со Франција и Јапонија и во исто време ветува дека ќе има прогрес и Германија пак ќе е меѓу врвните репрезентации по слабите резултати и големиот број на критики.

Германија има три порази и едно реми во последните четири меча, и навивачите се нервозни како домаќини на Европското првенство следната година, посебно откако испаднаа во групната фаза на СП во Катар минатиот декември.

„Позитивно сум расположен, имаме план и можам да ви ветам дека сме добро подготвени. Последните неколку недели бев да гледам многу играчи, со кои зборувавмее за иднината, за очекувањата и за нивната улога во репрезентацијата. Ова ми дава доверба дека тимот сфаќа што е потребно да се направи и тоа е секогаш најважното со моите фубалери. Дојде до точка на пресврт, сега почнува нова фаза. Сега ќе почнеме да играме со клучнит тим и ќе се кренеме“, вели Флик.

Флик направи репутација како тренер на Баерн Минхен, по што беше повикан да го замени долгогодишниот селектор Јоаким Лев.

Scroll to Top