Атмосферата во белгиската репрезентација по незгодниот 2:0 пораз од Мароко очигледно не е на високо ниво, откако Јан Фертонген саркастично одговори на коментарите на неговиот соиграч, Кевин де Брујне, кој во интервју со „Гардијан“ посочи дека шансата за титула пропадна во 2018 и дека сега се „престари“ за да бидат кандидати за титулата.
„Престари сме. Мислам дека ја имавме нашата шанса во 2018 година. Имаме добар тим, но старееме, загубивме клучни играчи. Имаме добри млади играчи, но тие не се на нивото на кое бевме во 2018. Ние сме аутсајдери“, изјави вчера Де Брујне.
Фертонген не го криеше разочарувањето по поразот од Мароко: „Изгледа напаѓаме лошо и не даваме голови бидејќи сме стари“, изјави Фертонген по мечот, очигледно алудирајќи на изјавата на Де Брујне, но и на Еден Азар, кој изјави дека ги немаат „најбрзите тројца дефанзивци на светот, но тие го знаат тоа“.
Белгија сега нема право на грешка во последното коло против Хрватска.
🗣️ Vertonghen répond indirectement à Kévin De Bruyne sur l'équipe vieillissante de la Belgique :
« Je suppose qu’on attaque mal parce qu’on est aussi trop vieux devant. »
Drôle d'ambiance chez les belges 😳🇧🇪 pic.twitter.com/VVVOyPr8MJ
— Cerfia Foot (@CerfiaFoot) November 27, 2022