Top Sport

Хаос во Босна – масовна тепачка на навивачи на Железничар и Зрињски (видео)

На автопатот во близина на Сараево вечерва имало огромна тепачка на навивачите на Железничар од Сараево и Зрињски од Мостар, јавуваат босанските медиуми.

Навивачите почнале со меѓусебно гаѓање со факли и камења, по што морала да интервенира и полицијата, по што бил затворен вијадуктот Влаково на северозапад од Сараево.

Интересно, но двата тима не играа меѓу себе денеска – Железничар играше со Звијезда, додека Зрињски гостуваше кај Слобода во Тузла.

Scroll to Top