Еден од култните италијански клубови, Бреша, доживеа историска катастрофа на домашен терен. Во реваншот од плејофот за опстанок во Серија Б, до петтата минута од судиското време водеше со 1:0 против Козенца, која првиот меч го доби со истиот резултат. Но во последниот напад гостите постигнаа гол и се спасија од испаѓање.
Навивачите на Бреша тешко се помирија со фактот дека нивниот клуб, наредната сезона ќе игра во Серија Ц. За потсетување пред три сезони Бреша играше во Серија А, а сега по 38 години испадна во третата лига. Сепак, никој не можеше да претпостави во што ќе се претвори огорченоста на локалните ултраси.
Веднаш по примениот гол, навивачите на Бреша започнаа да фрлаат на теренот пиротехнички средства, по што од северната трибина истрчаа на теренот мавтајќи со факели. Судиите и играчите на двата клуба побегнаа во соблекувалните.
Натпреварот продолжи откако полицијата по жестока битка успеа да ги исфрли навивачите на Бреша од теренот.
Triste lo del Brescia https://t.co/TpkzsdcDH4
— Alejandro C. (@Jano_CC) June 2, 2023
По пресметката со полицијата на теренот, навивачите на Бреша го напуштија стадионот, но со цел да направат хаос надвор од него. Од паркингот фрлаа ракети на трибината каде беа гостинските навивачи, поради што судијата дефинитивно го заврши натпреварот иако имаше уште минута и пол за игра. Хулиганското дивеење потоа продолжи околу стадионот.
Навивачите на Бреша запалија автомобили, меѓу кои и автомобилот на Матје Хуард, дефанзивецот на нивниот клуб и продолжија да се тепаат со полицијата на улиците околу стадионот. Дел од ултрасите отишле во тренинг кампот Бреша оддалечен 20 километри и го демолирале.
Потоа, навивачите на Бреша поставија контролни пунктови низ целиот град, каде што ја чекаа полицијата, противничките навивачи и играчите на клубот за кој навиваат…
Затоа играчите на Бреша, како и членовите на нивните семејства, останаа затворени до раните утрински часови на стадионот под полициска заштита.
01.06.2023🇮🇹 Seria B, play off, Brescia – Cosenza https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/1laKmDdfKO
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) June 1, 2023