Top Sport

Хаос во Чешка поради мечот со Косово (Видео)

Чешка и Косово синоќа играа во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Она што се случувало пред почетикот на мечот во Плзен покажало дека чешките власти биле во право кога процениле дека тоа е меч од висок ризик. Инаку Чесите со пресврт победија со 2:1 и се пласираа на Европското првенство.

Навивачите на Чешка ја поддржуваат Србија по прашањето за Косово. На овој меч навивачи имало од сите делови на Чешка, а настапиле со паролата „Играме против никој“.

 

View this post on Instagram

 

Brno & Plzen?? hooligans attacked pub with Albanian before match Czech Republic – Kosovo, after minute intervention cops

A post shared by správce3 (@hooligans.cz) on

Неодамна кога играа во Приштина еден Чех бил претепан бидејќи викал „Косо е Србија“, а осуммина биле уапсени бидејќи планирале со дрон на кој било закачено српското знаме да го прекинат натпреварот.

Во Плзен, со српски знамиња, чешките хулигани од Прага и Брно ги нападнале и претепале навивачите од Косово во едно кафуле во центарот на Плзен. Навивачи од Косово допатувале во Плзен игнорирајќи ги препораките на не патуваат на овој натпревар.

Чешките полицајци потоа направле двоен кордон за да ги заштита гостинските навивачи. Движењето до стадионот го следеле со дронови и хеликоптери.

На стадионот за време на интонирањето на косовската химна на една од трибините биле развиорени српски знамиња.

Scroll to Top