Top Sport

Роналдо на чекор до нов рекорд

Кристијано Роналдо во четвртокот постигна хет-трик против Литванија и дојде до бројката од 98 гола во дресот на националниот тим.

Можност да дојде до бројката од 100 гола за Португалија, Роналдо ќе ја има в недела во Луксембург во последното квалификациско коло.

„Кога е во прашање Кристијано ништо не може да ме изненади“, рекол португалскиот селектор Фрнандо Сантош.

„Никогаш не сум се сомневал во неговите можности, тоа го правеа други луѓе“, дополнил Сантош.

Инаку, рекордер според бројот на постигнати голови за некоја репрезентација е Али Даеи кој Иран има постигнато 109 гола.

Јасно е дека целта на Роналдо е да го собори овој рекорд.

Scroll to Top