Навивачите на холандскиот прволигаш Хералес го прекинаа денешниот натпревар со Херенвен во знак на протест против управата на клубот. Фановите на клубот од Алмело му замеруваат на раководството на клубот што го смени името на стадионот. Порано арената се викаше „Полман“, а сега е според спонзорот, „Нерве Асито“.
Навивачите на теренот фрлија јајца, а потоа на тревникот пуштија и кокошки да шетаат.
Фудбалерите и редарите со заеднички сили се обидуваа да ги избркаат „непоканетите гости“.
? #herheehttps://t.co/8oXy6Nb7yi pic.twitter.com/pyhCjrRL3b
— FOX Sports (@FOXSportsnl) August 4, 2019
Згора на се, Хераклес убедливо со 4-0 беше поразен од Херенвен.