По низа контроверзи и одложувања, Лега Серија Б потврди дека италијанската втора лига следната сезона ќе стартува со 19 клубови, наместо вообичаените 22.
Покрај ова, Серија Б го „задржува правото да поднесе судска тужба против тие кои се однесувале на нелегален, нелегитимен начин кон лигата или кон другите клубови“. Оваа одлука треба да биде потврдена од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Летото беше хаотично во Серија Б, откако Бари, Чезена и Авелино банкротираа и не можеа да се регистрираат за следната сезона. ФИГЦ официјално ја разгледуваше можноста лигата да биде намалена на 20 клубови, но лигата официјално потврди само 19, наводно по барање на сопственикот на Лацио и Салернитана, Клаудио Лотито.
Сепак, ова не значи конечна разрешница. Катанија, Новара, Сиена, Тернана, Про Верчели и Виртус Ентела поднесоа формално барање да бидат примени во Серија Б на местото на банкротираните клубови и веќе поднесоа судско барање за спречување на стартот на лигата.
СЕРИЈА Б, СЕЗОНА 2017/18
Асколи
Беневенто
Бреша
Карпи
Читадела
Козенца
Кремонезе
Кротоне
Фоџа
Хелас Верона
Лече
Ливорно
Падова
Палермо
Перуџа
Пескара
Салернитана
Специја
Венеција