Top Sport

Федерер: Ривалството со Надал е повредно од тоа со Ѓоковиќ

Роџер Федерер пред нелолку дена го прослави својот 37. роденден, кој беше совршен повод да се врати кон своите најголеми ривалства во тенисот.

Швајцарецот во својата кариера прво ја „испрати“ старата генерација на тенисери како Андре Агаси и Пит Сампрас, потоа ги декласираше своите врсници Марат Сафин, Лејтон Хјуит и Енди Родик, за на крајот да се најде пред предизвикот на Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Кое од овие ривалства било најважно?

„Моите ривалства се навистина уникатни. Очигледно, колку повеќе играм со Новак, толку повеќе тој остварува во овој период и тоа добива на значење. Со Рафа се познавам од поодамна. Тука се епските финалњиа на Вимблдон, финалињата на Ролан Гарос. Тие беа исто толку важни за мене како освојувањето на титулата од Ролан Гарос во 2009. Ние двајца бевме долго на турнејата. Тогаш дојдоа Новак и Енди и го кренаа ривалството на ново ниво.  Новак беше уште поимпресивен, бидејќи едно време се мислеше дека ќе заглави на тие 3 или 4 гренд слема, а потоа направи неверојатен пресврт. Кое ривалство е попосебно? Можеби тоа со Рафа, бидејќи тој беше пред Новак. Секогаш сум уживал во мечевите со Новак, бидејќи со него треба да бидеш целосно подготвен, физички и ментално. Од друга страна, секој меч со Рафа мораш да имаш поинаков пристап“, објаснува Федерер.

Scroll to Top