Top Sport

Хаос во Италија, со цигла ќе го убиеле судијата

Тежок инцидент се случил во Рим, на натпреварот помеѓу Виртус и Атлетико Торанова. Тимовите се натпреваруваат во „Д-лигата“, четврти ранг на италијанскиот фудбал.

Атлетико забележале победа 3:2, но откако главниот судија Рикардо Бернардини (24) исклучил двајца играчи на Виртус.

Одлуките на судијата предизвикале жестоки реакции кај публиката, а двајца хулигани ја прескокнале оградата и стигнале до соблекувалната на судиите. Првиот му удрил шлаканица на судијата Бернардини, а вториот го удрил со цигла во главата. Судијата се онесвестил, а од пределот на главата започнал обилно да крвари и започнал да се дави.

Живтот му го спасил физиотерапевтот на гостинскиот тим, Јури Алвити. Инаку, Алвити е поранешен хулиган, член на озлогласената хулиганска група на Лацио „Irriducibili“. Додека го реанимирал судијата него му помагала свршеницата на повреденот.

Судијата Бернанрдини потоа бил хоспитализиран, ноќта ја минал во болницата „Умберто Првиот“. тој немал никакви последици од ударот.

Полицијата трага по двајцата хулигани.

Scroll to Top