Top Sport

Хаос во Јунајтед, играчите не се појавиле на промоција

Неколку фудбалери, заедно со менаџерот Жозе Мурињо, не се појавиле на промоцијата на модната колекција на еден од спонзорите на Манчестер јунајтед.

Англиските медиуми шпекулираат дека на овој начин, играчите што не се појавиле на промоцијата, сакаат да го искажат своето незадоволство бидејќи тимот доцнел на на последните два натпревари во Лигата на шампионите.

Традиционално, клубот во четврток ги организира спонзорските промоции.

Манчестер јунајтед, поради сообраќајниот метеж во градот, доцнеше на мечот со Валнесија, поради што УЕФА парично го казни клубот со 15.000 евра, а малку недостигало играчите да доцнат и на натпреварот со Јувентус.

За мечот со Јувентус, тренерот Мурињо, го сменил и хотелот, а потоа поради сообраќајниот метеж го напуштил автобусот и печки стигнал на „Олд Трафорд“.

Некои медиуми шпекулираат дека со бојкотот играчите сакале да му покажат на раководството дека на тимот му се потребни засилувања. Познато е дека Мурињо бараше нови играчи во летниот преоден рок, но спортскиот директор Ед Вудворд, со кого не е во добри односи, не мо го овозможи тоа.

Scroll to Top