Top Sport

Фенербахче го потпишаа Ерик Грин

Кошаркарскиот клуб Фенербахче експресно најде замена за Тајлер Енис, кој доживеа тешка повреда во неделата, на натпреварот во турското првенство, против Бујукчекмеџе.

Бековската линија на Фенербахче ја засили поранешниот играч на Монтепаски Сиена, Денвер, Јута, Олимпијакос и Валенсија, Ерик Грин. Американецот со екипата на тренерот Жељко Обрадовиќ потпишал договор до крајот на сезоната.

Минатата сезона Грин настапуваше во Валнесија, со просек од 13 поени по натпревар во Евролигата.

Scroll to Top