Top Sport

Хаос во Полска, Легија ја одбрани титулата (Видео)

Фудбалерите на Легија од Варшава трет пат по ред, а 13.во историјата на клубот, ја освоија шампионската титула во Полска. Екипата од Варшава, во последното коло, водеше против Лех во Познањ со 2-0, кога навивачите го прекинаа натпреварот.

Во последното коло на Легија и беше потребен гол за да ја одбрани титулата. Легија во Познањ поведее со голот на Антолиќ во 10.минута, а во 69.минута Кухарчук зголеми на 2:0. По неколку минути од вториот гол, навивачите на Лех запонале да фрлаат пиротехника на теренот, а потоа ја пробиле оградата и влегле на теренот. Мечот е прекинат, интервенирала и полицијата, а фудбалерите се повчекле во соблекувалните.

foto: epa

Натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 за Легија.

Легија сезоната ќе ја заврши со 70 бода, три повеќе од Јагиелонија и десет повеќе од Лех. Наредната сезона Легија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а во Лига Европа покрај Јагиелонија и Лех ќе игра и Гурник.

Scroll to Top