Top Sport

Хаос во Португалија – Полицијата пукаше во воздух за да ги смири играчите на Виторија и Олимпик

Натпреварот помеѓу вторите екипи на Виторија Сетубал и Олимпик Монти, бил прекинат поради масовна тепачка, што се случила во делот каде што се наоѓаат клупите за резервни играчи.

Фудбалери, тренери и понекој навивач учествувале во тепачката, пренесуваат португалските медиуми.

Ситуацијата била толку сериозна што морала да интервенира и полицијата. За да воведат ред полицајците испукале неколку куршуми во воздух.

Scroll to Top