Top Sport

Хаос во Севилја – Фекир погоди од корнер, Жордан погоден од трибините, судијата го прекина мечот

Бетис и Севилја го играат градското дерби во осмина-финалето, во Купот на Шпанија. Натпреварот е прекинат во 39 минута, кога Набил Фекир постигна спектакуларен гол.

Дерби Севиљано е е повеќе од фудбал, со оглед колкава нетрпеливост владее помеѓу навивачите на двата клуба.

50.000 луѓе на „Бенито Виљамарин“ ги замолкна Папу Гомес во 35.минута. Аргентинецот од 18 метри ја погоди „малата мрежа“ на голот кој го брани Руи Силва.

Само пет минути подоцна, Фекир, во екстаза ги фрли присутните на стадионот. Францускиот репрезентативец погоди директно од корнер. Во моментот кога сите го славеа голот, еден предмет полета од трибините и заврши во главата на Жоан Жордан.

Судијата Беонгечеа веднаш го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалните. Нема информации дали натпреварот ќе биде одигран утре или Севилја ќе слави победа со службен резултат.

Scroll to Top