Top Sport

Салах и ВАР за прва победа на Египет

Египет ја забележа првата победа на Африканскиот куп. „Фараоните“, по поразот од Нигерија во првата рунда, во втората со многу труд ја победија Гвинеја Бисао.

Единствениот гол на натпреварот го постигна најдобриот Египќанец, Мохамед Салах во 69.минута. Гвинеја Бисао израмни во 82.минута, меѓутоа голот беше поништен по прегледувањето на снимката.

Египет сега се втори во Д-групата со три бода, Гвинеја Бисао има еден бод. Лидер во групата е Нигерија со шест бода.

Во последното коло, Египет треба да го победи аутсајдерот Судан за да го потвдри местото во следната фаза од Африканскиот куп. Нигерија веќе избори пласман во двете победи, против Египет и Судан.

Scroll to Top