Top Sport

Хаос во Тотенхем – го отпуштија Конте, па Паратичи доби 30-месечна суспензија

Ситуацијата во Тотенхем прераснува во вистинска криза, откако по отказот кој му го врачија на италијанскиот тренер Антонио Конте, ФИФА потврди дека 30-месечната суспензија на нивниот директор, Фабио Паратичи се однесува на целиот свет.

Паратичи кој пристигна во Тотенхем во 2021 година, ја доби оваа суспензија во јануари по истрагата во неговиот поранешен клуб, Јувентус за финансиските нерегуларности, за кои „старата дама“ беше казнета со 15 поени, а директорите на клубот добија суспензија. Оваа суспензија првично се однесуваше за работа во италијанскиот фудбал, но сега ФИФА ја направи глобална.

„ФИФА може да потврди дека по барање на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), претседателот на дисциплинската комисија на ФИФА реши да ги прошири казните воведени од ФИГЦ на глобално ниво“, се вели во објавата на ФИФА.

Ова значи дека Паратичи не може да извршува трансфери за клубот, но според „Скај спортс“, може да продолжи да работи интерно во Тотенхем. Суспензијата доаѓа во време кога Тотенхем се во потрага по замена за Антонио Конте.

Scroll to Top