Top Sport

Хари Кејн му пресуди на шампионот – Поразот на Сити го врати Ливерпул во шампионската трка

Фудбалерите на Тотенхем извојуваа голема побеа на „Етихад“ во Манчестер. Тотенхем славеше со 3:2 пртоив лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити. Блескаше со два гола Хари Кејн. Напаѓачот на Тотенхем голот за победа го постигна во 95.минута.

Победата на Тотенхем на „Етихад“ ги врати Ливерпул во шампионската трка. Сити се лидери на табелата со 63 бода, Ливерпул со натпревар помалку се на 57. Тотенхем се седми со 39 бода и три натпревари помалку.

Пвиот гол на натпреварот го постгна Дејан Кулушевски во четвртата минута. За Швеѓанецот со македонски корени ова е прв гол во Премиер лигата. Израмни Илкај Гундоган во 33.минута. Германскиот репрезентативец ја казни катастрофалната грешка на голманот Иго Љорис.

Нова предност на Тотенхем му донесе Кејн во 59. минута. Капитенот на Тотенхем постигна гол и во 73.минута, кој беше поништен поради офсајдот на почетокот на акцијата која му претходеше на голот.

ВАР повторно работеше во 92. и повотрно пресуди во корист на Сити. „Граѓаните“ добија пенал, кој го реализираше Ријад Марез.

Три минути подоцна нов шок за домаќините. Кулушевски нафрли, Кејн беше повисок во Вокер го постигна својот втор гол и ги постави конечните 3:2.

Scroll to Top