Top Sport

Хари Кејн рекорден седми пат избран за играч на месецот во Премиерлигата

Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн е најдобар фудбалер во англиската Премиерлига во март.

Кејн по седми пат во кариерата го доби ова големо признание и со тоа се израмни со поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, по бројот на месечни награди во Премиерлигата.

Тие двајца се лидери на вечната листа, а зад нив е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Тој шест пати бил прогласуван за најдобар фудбалер на месецот. Стиви Џи е актуелен менаџер на Астон Вила.

Scroll to Top